Повреден моторџија во сообраќајка

by lali

Во 09.15 часот на крстосница од улиците „Филип Втори“ и „Гоце Делчев“ во селото Кривогаштани, прилепско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 59-годишниот Т.К. од селото и мотоцикл „Јујинг“ без регистарски ознаки, управуван од 17-годишниот Ф.Н. од селото Свето Митрани, прилепско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот Ф.Н. и бил пренесен во Градското болница во Прилеп, стои во билтенот на МВР.

Поврзани новости