Партијата на Палчо да биде дерегистрирана, Спасовски обвини за странско влијание

by fokus

Не може точно да се предвиди кога Љупчо Палевски – Палчо ќе биде екстрадиран во Македонија, но министерот за внатрешни работи очекува тоа да биде во најкус можен рок.

Палевски кој се товари за грабнување, организирање и убивање на малолетната Вања и велешанецот Панче, денеска беше уапсен во Турција и се наоѓа во екстрадиционен притвор, а постапката за екстрадиција почнува веднаш преку министерството за правда.

Спасовски ја нарече политичката партија на Палевски „Десна“ – криминално дувло и обвини за странско влијание.

-Таа партија мора да биде дерегистрирана. Не знаеме какви ставови застапуваа лицето и неговата партија? Не знаеме дека директно се спротивставија на напредокот на државата, се спротивставија на НАТО,рече Спасовски.

Поврзани новости