Партијата на Бачев: Џафери поради нервоза и суета трипати ни го враќа предлог-законот за амнестија на граѓаните од 27 април

by Fokus

Единствена Македонија до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе Предлог-закон за амнестија на граѓани учесници во настаните на 27 април 2017 во Собранието на Република Македонија, по скратена постапка.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека ќе изготват закон за амнестија за настаните од 27 април минатата година. Го потсетуваме Мицковски дека нема потреба од такво нешто, бидејќи веќе постои готов закон за амнестија изготвен од Единствена Македонија. Овој закон на три пати го поднесуваме во Собранието, а Талат Џафери на три пати ни го враќа поради лична суета и нервоза бидејќи има фуснота во која пишува дека Единствена Македонија не го признава Талат Џафери за претседател на Собранието се до одлуката на Уставниот суд за неговиот нелегален избор“ изјави Драган Угриновски член на Извршниот комитет на Единствена Македонија и претседател на МПЗ Тврдокорни.

Поврзани новости