Му се слошило, а кај него биле пронајдени две паковки со бела прашкаста материја

by Fokus

На 34-годишен Дојранчанец му се слошило, а во него се пронајдени две паковски со бела прашкаста материја, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 12,00 часот било пријавено дека во патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Велес, на патникот Н.С. (34) од с.Фурка-дојранско, му се слошило. Toj бил пренесен во Општата болница во Велес, но околу 13,00 часот починал. При извршениот преглед на патната торба на Н.С. биле  пронајдени две паковки со бела прашкаста материја, кои се дадени  за вештачење.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција.

Поврзани новости