Парада на гордоста во Белград – „Не сме ни блиску“

by fokus

Во Белград со Парада на гордоста борците за правата на ЛГБТ плус заедницата денеска шетаа низ централните улици на Белград, под слоганот „Не сме ни блиску“, со кој нагласија дека ЛГБТ плус заедницата во Србија се соочува со насилство и дискриминација и дека нивните барања не се исполнуваат.

Според организаторите на 11. по ред Парада на гордоста во Белград учествуваа од 10. 000 до 15. 000 луѓе, кои беа обезбедувани од силни полициски сили.

За време на Парада на гордоста беше организиран и контра-митинг, но се помина без инциденти.

На Парадата беа и претставници од дипломатскиот кор, политичари меѓи кои и министерката за евроинтеграции Тања Мишќевиќ која рече дека пораката на овогодишната Парада на гордоста е „да се заштитат правата на секој граѓанин“.

– Пораката е заштита на правата, правата на секој граѓанин мора да бидат еднакви, без оглед дали е национално или друго малцинство.

Зборуваме оваа недела за правата на ЛГБТ, тие и понатаму се специфични, потребна е дополнителна заштита за нив, бидејќи постои недоразбирање за што се работи, рече Мишчевиќ.

Опозициската пратеничка од „Зелено-левиот фронт“ Јелена Јериниќ изјави дека Предлог-законот за граѓанско партнерство е влезен во собраниска процедура.

– Предлог-законот влезе во собраниска процедура, ги поканивме сите останати пратенички групи да го поддржат предлогот и организираме широка дискусија за него.

Со овој чин сакавме да ја започнеме формалната процедура за донесување на овој закон, рече таа при прошетката до Собранието на Србија.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ изјавија дека нема да го истакнува знамето со виножито на институциите.

Претходната година во Белград се одржа „Европрајд“, најголемата европска манифестација на борбата за правата на ЛГБТ плус заедницата.

Планираната прошетка на учесниците тогаш беше забранета, но собирот се одржа, а учесниците беа спроведени низ централните белградски улици до Ташмајдан, каде потоа се одржуваа концертите.

Поврзани новости