Папата Франциск изрази сочувство за настраданите од невремето во Скопје

by Fokus

Папата Франциск изрази соочувство до настраданите од невремето што во саботата вечерта го зафати скопскиот регион. Од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи соопштија дека папата преку државниот секретар, кардиналот Пјетро Паролин, испратил телеграма со соочуство до скопскиот бискуп Киро Стојанов.

Во телеграмата се вели дека неговата светост испраќа свој апостолски благослов, искажувајќи ја својата духовна блискост за сите оние кои ги изгубиле своите животи и се моли за оние кои пострадале од последиците на невремето.

– Информирани за драматичното невреме што го погоди градот и околните населени места, предизвикувајќи длабока бол на целата заедница во земјата, светиот отец папа моли да ги пренесете до тешко погодените семејства на починатите, неговите изрази на длабоко сочувство, искажувајќи ја својата духовна блискост до ожалостените. Неговата светост моли за сите оние кои ги загубија своите животи и додека повикува небесна утеха за оние кои пострадаа од последиците на невремето до сите испраќа свој апостолски благослов – се наведува во телеграмата

Поврзани новости