Австрија ќе даде 500.000 евра помош на македонскиот Црвен крст

by Fokus

Австрија ќе додели помош од 500.000 евра помош на Македонија по поплавите од Фондот за елементарни непогоди во странство, соопштено е денеска во Виена.

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц тврди дека парите ќе бидат ставени на располагање на австрискиот и македонскиот Црвен крст.

– Се подразбира дека Австрија како партнер и помага на Македонија. Не смееме да ги оставиме луѓето по ова невреме да ги оставиме на цедило. Средствата треба да да бидат искористени за евакуирање на лицата во привремени престојувалишта – се наведува во соопштението испратено од Курц.

Поврзани новости