ДРПМНЕ во борба со сопствениот народ

by Fokus

Пишува: Ангелчо Андоновски

Македонијо што се нѐ издржа овие 10 мачни години? Какви удари добиваше од тие што те бранеа, чуваа и негуваа? Не за џабе рекле еднаш крадец доживотно крадец, еднаш коцкар доживотно коцкар. Се коцкаа со твојата иднина, го крадеа сопствениот народ, не донесоа до самото дно. Одземаа животи, уништуваа компании, иселуваа цели семејства, ги одземаа бизнисите, купуваа плацеви, се правеа, ама само за себе. Сопствениот народ, граѓаните и селаните ги третираа како топовско месо со кое манипулираа и го лажеа му правеа “СФ“ филмови со примеси на виртуал реалити и тоа во 3Д технологија.

Нашиот народ беше толку изманипулиран што требаше да ни се случи толку нешто страшно за да се разбуди од длабокиот сон, од длабоката хибернација. 21 век, модерен свет, модерна држава, имаме МОЛови, убави згради, барок, коњи, столбови римски, грчки, фасади од злато, мостови, Дизниленд, се имаме, но немаме атмосферска канализација. Зошто?

Е, ајде вака да започнеме со еден податок кој кажува се. 1335 километри патишта, а само 260 километри атмосферска мрежа. Не сум стручњак по градежништво, ама како интелектуалец нешто прочитав, разбрав, прашав што означува ова? Се ни донесоа овие десет години и на крај еден дожд со траење од неколку часа направи КАТАКЛИЗМА направи помор, уништи животи, куќи, однесе животи на дечиња, мајки, баби, татковци, дедовци, сестри, браќа и нај лошото нешто го однесе и достоинството на овој напатен народ.

Нѐ скршија, тотално нѐ згазија. Па прашувам, како интелектуалец, кој си бе ти Груевски да се шеташ ко шериф со дваесет луѓе околу себе и со панцир на себе и да збориш на телефон и да се смееш на црните судбини на овој народ? Државата да не ти ја препишаа татко ти и мајка ти ? На лото да не ја доби? Со кое право се смееш на овој напатен народ во очи и уште дозволуваш од твојата придружба да тепаат народ за да не те бркаат ко куче и да те викаат со погрдни зборови?

Па ти не ни треба да припариш таму сраму еден, зошто ги носиш и тие кловнови околу тебе, оние дворски шутови што само ти климаат со главата? За да ти потврдуваат ко телиња климајќи со главите и очекувајќи да изреагираш, па они по тебе? Ги наполни ко бродови и сеа си имаш измеќари. Дали се сеќаваш дека не знаеше колку население постои во тие села и во тие општини, тазе исончани, сите научени на багерчиња и камиончиња што се игравте во песокот, дури за механизацијата не знаевте. Кажи ми дали воопшто знаевте нешто овие 10 години или баш заради вашето шарлатанство државата ни е на ова дереџе?

Е, сеа да му се обратам на шефот на кризниот штаб,човекот наречен КАТАКЛИЗМА која се што допре во државата го направи пепел. Министерот СМРТ, ти е пак пуштен во акција да ги дотамани работите и да ги домасакрира до крај. Секоја чест. Човекот не знае колку и што е потребно да се среди, не се разбира од ништо, уствари у све се разбира сезнаечкиот Министер Катаклизма. Појдов во најтешките моменти со мој колега да одиме доброволно да помогнеме, како лекари професионалци покажавме и легитимации и се, но за чудо некое не ни дозволија да припариме со образложение на токи воки дека имало доволно медицински екипи таму кои помагале.

Па поставувам прашање, ако имало толку многу екипи и доволно што нѐ помогнаа и нѐ спасија луѓе или пак нѐ дозволивте да се види ситуацијата реално и да биде кажана на овој наш народ. Тактиката да прикриете колку всушност загинати има е веќе позната и е жалосна. Зашто законски не се извршени обдукциите? Кажи ми ти дали си свесен дека за неколку часа ќе почнат да ни се случуваат сите инфективни проблеми и појава на зарази од самиот трулеж и распад на мртвите тела што од луѓе, што од животните. Знаеш ли која опасност е тоа? А, хронично болните, дијабетичарите и пострауматските проблеми кој ќе ги санира дали воопшто можеш да мислиш со таа твоја у наводници искусна глава?

Но, се заколнала земјата на рајот, сите тајни да се дознаат, освен за оние кои ќе одат во пеколот. Се ќе знаеме наскоро и каде се парите од граѓаните давани долги години за да Кризниот штаб за елементарни непогоди функционира. Испадна дека не ни функционира, ниту работи, ниту поседува се што се фалевте и лажевте дека има. Покажавте дека за вас животите на овој наш народ Македонски, Албански, Српски, Босански, Ромски не значи апсолутно ништо. Една препорака да ви дадам – да земете да ги обвините НЛОата што летале цело време за невремето. Дека тие се виновни за КАТАКЛИЗМАТА што ни се случи, а не дека ДРПМНЕ не направи апсолутно ништо за овие мачни 10 години, освен за себе си. Рингот за со народот ви е отворен и ве очекуваме да влезете и да почне мечот. Еедно е да бидете нокаутирани.

Поврзани новости