Папата Фрањо ќе престојува во Марсеј на 22 и 23 септември, а во петок на 22 септември ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти Ватикан.
Кога Марсејската епархија ја најави посетата на Папата во март, програмата предвидуваше Светиот Отец да престојува таму дури во сабота на 23 септември.
Но, официјален Ватикан во саботата објави дека папата ќе пристигне во Марсеј во петок, на 22 септември, сред попладне, а на аеродромот во Марсеј ќе го пречека францускиот претседател Макрон.
После тоа, тој ќе предводи молитва во базиликата Нотр-Дам де ла Гард, по што ќе следи религиозна контемплација во близина на споменикот посветен на мигрантите кои исчезнале во морето.
Саботата е посветена на приватната средба на Папата со луѓето кои живеат во економска несигурност и средбата со францускиот претседател, а ќе заврши со голема миса на стадионот Велодром.