Зеленски се појави во Бахмут

by Fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски отпатува во близина на линијата на фронтот во источна Украина, каде што неговите сили се обидуваат да напредуваат.

Зеленски се сретна со војници и, според фотографиите, анализирал мапи во близина на Бахмут, веројатно во воен шатор. Тој изјави дека дошол да им го честита Денот на силите за специјални операции на своите воини.

Зеленски постојано одеше на првите редови како дел од напорите за зајакнување на моралот на војниците.

Поврзани новости