Пановски: Комисијата за заразни болести како да имаше некоја наредба или ургенција

by fokus

Доктор Никола Пановски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека науката била потисната при носење на мерките за заштита од корона вирусот.

-И во моментот кога требаше да се разлабават мерките во општините каде се намалува бројот на заболени – тие да се наградат, а полицискиот час никако не требаше да се  укинува, немаше потреба тој да се укине. Немаше логика ниту автобусите бесплатни за пензионерите да се пуштат. А тие луѓе во Комисијата за заразни болести се постручни и повеќе знаат, знаеја повеќе од мене дека бројот на заразени ќе расте, но тие излегоа на прес на 25 мај, како да имаа некоја наредба, ургенција така да постапат, а тоа мене како на доктор ми пречи. Требаше да не попуштаат под никакви околности, но  науката беше потисната. А доволно е неколку дена таа да затаи и од разни причини да не се истакне пред политиката и да се случи тоа што се случи, смета Пановски.

Поврзани новости