Пандов за изјавата на Бален: Денес секој може да стане европратеник

by Фокус

Александар Пандов, кого провладините медиуми многу често го консултираат како политички аналитичар, вели дека во денешно време секој можел да стане европратеник, но и дека Македонија учела од демократии многу постари од Холандија. Оваа рекација на Пандов доаѓа откако европратеникот Јоханес Корнелис Ханс ван Бален, кој вчера оствари средба со Зоран Заев, рече дека во неговата земја Холандија, оние кои ќе се одважат јавно да зборуваат за незаконско прислушување добиваат медал, а не закани за затворски казни.

-Македонија црпи искуство од уште постари и посовремени демократи како онаа на САД и Велика Британија кои се наши традиционални партнери и во тие земји гледаме пример. А тоа е примерот на Сноуден и Асанж кои сега се наоѓаат во глувчешки дупки. Едниот во Москва, а другиот во амбасадата на Еквадор во Лондон. Има уште еден случај, изворот на Асанж, Менинг кој доби 40 или 60 години затвор. Примерите покажуваат дека тие земји така се справуваат така со прислушувањето, вели Пандов.

Поврзани новости