Приведени полски новинар и фотограф во Гевгелија

by Фокус 10:07
10:07

Полскиот новинар Јан Хуните и фотографот Максимилијан Ригамонти биле приведени на грчко-македонската граница  од македонската полиција, пренесува Радио Полска.

– Бев уапсен од македонската полиција под обвинение за нелегално преминување на границата заедно со бегалци од Блискиот Исток во градот Гевгелија – напишал Ригамонти на Твитер.

- Advertisements -

Портпаролот на полското Министерство за надворешни работи соопштил дека двајцата полски граѓани снимале репортажа за бегалската криза во земјава.

 

Поврзани новости