Пандов: На глава ми го качија балансираното медиумско известување, а откако дојдоа на власт не го спомнаа

by fokus

Александар Пандов во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека СДСМ додека била во опозиција се залагала за слобода во медиумите, а откако дошла на власт тоа го заборавила.

-На глава ми беше качено рамномерно медиумско покривање, балансирано известување, а откако дојдоа на власт не ги спомнаа медиумите. Претпоставувам дека законот за медиуми верувам дека ќе се тера. Во наредниов период се ќе биде насочено кон референдумот. Законите за медиуми и слично ќе бидат оставени за некои подобри времиња, рече Пандов.

Поврзани новости