Пандев: Во соблекувалната сфативме дека не е тоа наше вистинско светло

by Fokus 17:58
17:58

Второто полувреме Македонија одигра феноменално против Украина, но тоа не беше доволно за бод, што шансите за 1/8 финале се сведени на теорија.

Капитенот Горан Пандев беше разочаран што примивме гол од прекин, а после тоа да се сврти натпреварот е речиси невозможна мисија.

- Advertisements -

„Не е дозволиво да примиш гол од прекин. После тоа, мечот стана потежок. Имавме шанси во второто полувреме. Жал ми е, мислев можеме барем да стигнеме до бод. Во соблекувалната сфативме дека не е тоа наше вистинско светло и во второто полувреме заигравме подобро“, рече Пандев.

 

 

Поврзани новости