Панчевски реши да го испочитува законот, сам си ја урива дивоградбата

by fokus

Претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, денеска сам почна да ја урива доградбата која ја изградил нелегално.  Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, на денешната седница на Советот на општината, одговарајќи на прашање, рече дека е започната процедурата за уривање на дивоградба на улица „Никола Вапцаров“ бр.6, која е во сопственост на претседателот на Кривичниот суд.

Раководителот на Секторот за инспекциски работи, Кочо Стојчески утрово посочи дека ќе се побара асистенција на полиција за уривање на дивоградбата и дека потпишува договор со фирма која треба да постапи по барањата на градежните инспектори.

Сепак, пред да дојде до тоа, Панчевски одлучи да го испочитува законот и да го прифати решението дека доградбата му е дивоградба и сам да ја урне, иако до вчера тврдеше дека тоа е само политичка хајка против него.

Поврзани новости