Стојчески: Панчевски знае дека доградбата е нелегална и затоа сам си ја урива

by fokus

Откако претседателот на Кривичен суд, Владимир Панчевски, денеска почна сам да си ја урива дивоградбата, реагираше раководителот на Сектор за инспекциски служби – Општина Центар, Кочо Стојчески.

-Никој инвеститор, ако е убеден во тоа што го наведува во жалбата, нема да го прави ова што во моментот го прави. Тие знаат дека градбата е нелегална, затоа сами го уриваат објектот, ние не се сомневаме во донесеното решение и затоа можеме спокојно да спиеме. Владимир Панчевски и другите инвеститори почнаа сами да ја отстрануваат спорната доградба на објектот, што е доброволно извршување по нашето донесено решение, рече Стојчески.

Утрово градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски потпиша договор со фирмата која требаше да постапи по решението на Општината, односно да ја урне дивоградбата.

 

Поврзани новости