431
Заменик помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер денеска одговарајќи на новинарско прашање, рече дека тоа што денеска нема да се сретне со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и со претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, не значи дека Америка ги блокира.
-Кога доаѓате на вакви посети времето ви е ограничено и треба да направите план со кого ќе се сретнете. Мицкоски ни ги кажа неговите ставови преку писмото до Вес Мичел, така да немаше потреба да се сретнеме, рече Палмер.