Палчо симулирал дека ќе оди во Истанбул мислејќи дека нема да биде откриен

by fokus

Осомничениот за организирање, грабнување и извршување на убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот, Панче Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо, симулирал дека негова крајна дестинација во Турција, каде денеска беше уапсен е градот Истанбул.

Оперативниот извор којшто го имала нашата полиција во Турција имал информација дека Палевски ќе оди за Истанбул, соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Палевски зел такси и од Баликесир заминал за Истанбул, но за кратко време се вратил во Баликесир каде потоа беше уапсен.

-На тој начин мислел дека нема да биде откриен, рече Спасовски.

Поврзани новости