Падна хеликоптер на австриската војска

by Fokus

Се урна хеликоптер „АБ-212“ на австриската војска.

Хеликоптерот паднал во провинцијата Горна Австрија, а шест војници, членови на екипажот, успеале да го напуштат леталото, но биле повредени. Еден војник е тешко повреден, соопшти армијата.

Ова следи по превртувањето на тенкот „Леопард“ во кој загина војник.

Во градот Прамет пилотот требало да слета, но хеликоптерот се запалил, објави воениот портпарол Мајкл Бауер. Засега не е јасна точната причина за пожарот и падот на леталото.

Поврзани новости