Уапсен „манекен“ од излог: Се правел кукла за да краде по затворањето

by Fokus

Неименуван маж е обвинет дека се преправал дека е кукла (манекен) на излог во продавница во Варшава, за да може да краде накит после работното време.

На безбедносните камери овој 22-годишник е прикажан како мирно стои и држи торба во излогот на продавницата, објави Би-Би-Си.

Полицијата соопшти дека по затворањето, пријавениот тргнувал во „лов“ во разни продавници, а завршувал во златарниците.

Тој е обвинет за провала и кражба и се соочува со затворска казна до 10 години. Варшавската полиција соопшти дека персоналот и клиентите не забележале ништо необично додека мажот стоел на излогот заедно со неколку други кукли.

Поврзани новости