Пад на температурите за 10 степени во следните денови

by fokus

Од утре до четврток нашето подрачје ќе биде под влијание на значително постудена воздушна маса, времето ќе биде променливо облачно и значително посвежо. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе опаднат за околу 10 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре и задутре ќе има повремен локален дожд. Од четврток и утринските температури ќе бидат особено ниски, на некои повисоки места може да се спуштат и до 0 степени. Од петок ќе има пораст на дневните температури, информираат од УХМР.

Поврзани новости