И понатаму стабилно, суво и топло време – детали

by Фокус
Продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец и истиот повремено понекаде ќе засилува. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.
Во Скопје и околината времето и понатаму ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Температурата на воздухот и понатаму ќе се искачува до околу 31 степен.
Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости