Отворен процесот за изработка на Програма за економски реформи

by fokus

Министерството за финансии, по најавениот состанок, денеска го отвори процесот за изработка на Програма за економски реформи, за периодот од 2018 до 2020 година.

„Овој документ ќе претставува основа за клучните реформски процеси на Владата кои дополнително ќе го интензивираат нашиот дијалог со ЕУ“, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски.

Министерот додаде дека Програмата за економски реформи е документ кој е замислен да претставува заеднички резултат на сите важни чинители во општеството.

„Во соработка со Владата и надлежните министерства и институции, посветено ќе работиме на интегративните процеси во Македонија ставајќи посебен акцент на имплементирање на заклучоците од економско-финансискиот дијалог помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан и Турција каде фокусот е на управувањето со јавните финансии, зајакнување на активните мерки за вработување со посебен акцент на младите, долгорочно невработените и лицата со ниски вештини“, изјави Тевдовски.

На состанокот учествуваа и претставници од Директоратот за соседска политика и преговори за проширување на Европската комисија и од ОБСЕ.

Поврзани новости