Миле Јанакиески стигна во СЈО

by fokus

Миле Јанакиески екс министерот за транспорт и врски пристигна во СЈО каде е поканет да даде исказ како осомничен во случајот „Талир“.

Претходно во СЈО дојдоа екс техничкиот премиер Емил Димитриев и пратеничката Даниела Рангелова исто така осомничени во случајот кои кратко изјавија дека дошле за да направат увид во доказите а не дадат исказ.

Осомничените во случајот „Талир“ Никола Груевски, Илија Димовски, Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски денеска нема да дојдат во Специјалното обвинителство бидејќи не ги примиле поканите за да присуствуваат.

Функционерите на партијата се повикани во СЈО да дадат искази како осомничени во случајот „Талир“, каде за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ се осомничени 14 лица за перење пари од кои 9 лица како директни извршители и 2 како помагачи.

Во овој случај е осомничен лидерот на партијата Никола Груевски и сите генерални секретари во партијата од 2009 до 2015 година, меѓу кои и Димитриев, Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски. Осомничени се и директорите на центарот за комуникации, а оваа функција долги години ја имаше Илија Димовски, додека во 2015 година на ова место дојде Иво Котевски.

Поврзани новости