Фросина Ременски и нејзиниот сопруг беа во СЈО како оштетени странки

by fokus

Фросина Ременски и нејзиниот сопруг неколку часа беа во СЈО каде биле повикани да дадат исказ како оштетени странки во случајот за нелегалното прислушување „Таргет“.

Ременска истакна дека нејзиниот телефон и телефонот на нејзиниот сопруг биле прислушувани во период од три години.

-Дадовме исказ за последиците и сите штети кои ги трпевме. Позната ви е аферата Афис и разговорите меѓу Гордана Јанкуловска и Кирил Божиновски за моето разрешување како продекан за настава на факултетот за безбедност и сите други прашања и ситуации поврзани со деградирањето на мојот сопруг вработен во МВР и континуираниот политички мобинг што го трпиме со години наназад како семејство, изјави Ременски по излегувањето од СЈО.

Денеска во СЈО за друг случај – „Талир“, како осомничени дојдоа откако беа повикани да дадат исказ, екс техничкиот премиер Емил Димитриев, пратеничката Даниела Рангелова и екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Поврзани новости