Откажан карневалот во Струмица поради корона вирусот

by fokus

Струмичкиот карневал кој требаше да се одржи во сабота е откажан. Нема да се одржи ниту Маскенбал во „Сириус“, каде требаше утревечер да се избира принц и принцеза за карневалот. Ќе нема ни Детски карневал во недела на Прочка, објави  Радио СтрумицаНет повикувајќи се на потврда од градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Се очекува Владата утре претпладне да донесе одлука со која се забранува одржување манифестации и јавни собири во наредните денови.

Поврзани новости