Зеќири: И Ејуп Алими правеше протисок да не се гласа за Законот за ЈО

by fokus

Не само пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, туку и еден пратеник од ДУИ, Ејуп Алими, кој е лично засегнат, вршеше притисок врз пратеници од таа партија, да не гласаат за Законот за јавно обвинителство. Ова го откри пратеникот Мухамед Зеќири од СДСМ, во емисијата „Вин Вин“ на Телма.

-Ние бевме одлучни дека без да ги спасиме предметите од СЈО, не треба да се распушти Собранието. Каде сакавме да одиме, требаше ли да ги пуштиме сите дома да си одат без да се донесе законот – е не може тоа да се случи. Јас еве за прв пат тука ќе кажам дека меѓу оние што правеа најголем притисок врз пратениците за да не се донесе Законот за јавно обвинителство, освен Илија Димовски што беше засегнат најмногу и што трчаше секаде по ходници да прави притисок врз секој пратеник каде што мислеше дека може да прави и да моли да не се носи законот, како и Антонио Милошоски, имаше и еден пратеник од ДУИ што тоа го правеше, а кој е засегнат од предметите, а тоа е координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими, кој и на нивни пратеници – од ДУИ, им кажуваше дека не треба да гласаат, рече Зеќири.

Тој додаде дека на крајот иако од ДУИ не биле сите за законот, сепак гласале.

-Но на крај, кога видоа дека и меѓународната заедница и сите ние сме решени дека мора да се донесе законт, си ја свиткаа опашката и си гласаа. Иако тие декларативно зборуваа постојано дека се „за“ Законот за јавно обвинителство, не било така. Можеби некој во ДУИ бил „за“, но не беа сите. И на крај сепак го изгласаа Законот, рече Зеќири.

Поврзани новости