Откако се наполни Инфективна, пациенти со Ковид се примаат на Институтот за белодробни заболувања и другите клиники

by fokus

Откако се пополнија капацитетите на Инфективната клиника и модуларната болница до неа, пациентите болни од Ковид-19 се примаат на Институтот за белодробни заболувања, но и во другите клиники.

Министерот за здрасвтво, Венко Филипче вели дека оддделите во болницата „8 ми Септември“ се подготвени и кадарот е подготвен и е прашање на денови, дали од денеска, викендов, или од почетокот на следната недела ќе почнат да функционираат.

– Денеска се работеше во Институтот за белодробни заболувања, пациентите се сместија во белодробната болница во Јасеново и дел на Клиниката за пулмологија, значи по Клиничкиот центар, Институтот за белодробни заболувања е следната институција, после Инфективната клиника, каде што ќе се сместуваат пацинетите понатаму, планот е во делот интерните одделечнија тоа што го најавивме во текот на вчерашниот ден, рече Филипче.

Најавува дека системот со надополнување на медициснкиот персонал многу брзо ќе почне да функционира и значајно ќе се почувствува помошта од лекарите кои се мобилизираа по големиот број на заразени со корона.

– Ќе се направат две групи на лекари, едни коишто ќе бидат на располагање за болничките установи во Скопје и друга група за дежурства во болниците ширум државата. Тие лекари ќе се вклучат во согласност и договор со координаторот на лекарите за Клиничкиот центар и со директорите на болничките установи ширум државата во системот на дежурства. Треба да се дежура 12 часа, од 20 часот навечер до 8 часот наутро. Разговаравме за некои технички детали во однос на тоа како во пресрет ќе излезе ФЗОМ во однос на решавање на финансиите, меѓутоа сметам дека овој систем многу брзо ќе почне да функционира и значајно ќе се осети помошта од овие лекари, рече министерот.

Поврзани новости