За три-четири недели би требало да има резултати од мерките и да спласне притисокот во болниците, најавува Филипче

by fokus

Ако доследно се почитуваат новите рестриктивни мерки тие би требало да ги дадат првите резултати по три до четири недели, изјави министерот за здравство, Венко Филипче во изјава за медиумите по стапувањето на сила на новите рестриктивни мерки што беа донесени за да се намали бројот на заразени со корона вирус.

– Циклусите на промена и резултатите од воведените мерки не само кај нас, туку и во многу други земји доаѓаат по три до четири недели, толку е циклусот на еден тренд на намалување на трансмисијата на вирусот до видливиот пад на детекција на бројот на заболени. Такви се и нашите очекувања иако е неблагодарно да се даде прогноза. Очигледно е дека многу од прогнозите, предвидувањата, не само кај нас туку практично и во целиот свет не се остварија. Многу има непознати за овој вирус. Еве сега има и шпекулации во однос на тоа дали вирусот мутирал или не, сето тоа е во сферата на истражувањето. Но, и покрај тоа, нашите очекувања се дека за еден месец, три до четири недели би требало да има видливи резултати и притисокот во болниците да спласне, рече Филипче.

Новите мерки кои беа изгласани и во Собрание предивдуваат задолжително носење на маска на отворено, забрана за групирања и зголемување на овластувањата на инспекциските служби.

Поврзани новости