Откако не му дозволиле да ја пријави сообраќајката, му го украле возилото и му го оставиле своето

by Фокус

Вчера попладне на локалниот пат кај село Брест се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило Голф со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (50) од Брест, и патничко моторно возило Фиат Пунто без регистарски ознаки, управувано од непознато лице.

Според пријавеното до полицијата, кога Т.С. излегол од возилото и сакал од својот мобилен телефон да го пријави настанот во полиција, бил физички нападнат од возачот и совозачот на пунтото, кои потоа му го одзеле возилото и избегале, оставајќи го нивното возило на лице место.

Подоцна, полицијата го пронашла одземениот Голф во близина на Брест и работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости