Арсовски: Двајца градоначалници на СДСМ со криминалци во кафуле го организираа нападот врз седиштето на ВМРО

by Фокус

Неколку дена пред вчерашниот напад врз централното седиште на ВМРО-ДПМНЕ, двајца градоначалници на СДСМ и лица со досие во МВР во едно скопско кафуле го организирале нападот, изјави предмалку Димче Арсовски, портпарол на опозициската партија.

-Нашите индиции говорат дека зад ова стои власта, а сценариото се спроведува од нивните инсталации. Во повеќе наврати сакаат ВМРО-ДПМНЕ да го втурнат во насилно сценарио позади кои е интересот на власта да предизвика инциденти, па потоа да ја обвини ВМРО-ДПМНЕ и да ја компромитира во противењето на договорот на Заев за промена на името – изјави Арсовски.

Од МВР соопштија дека се работи на расчистување на настанот од синоќа кога боја била фрлена врз седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и околу него на плоштадот ВМРО.

Поврзани новости