Освен со молитва, поп се закани дека и со оружје ќе го брани името

by fokus

Протојереј Стеван Здравевски на вчерашниот протест пред Собранието изјави дека ќе се бори на сите начини за зачувување на името Македонија, па ако треба ќе земе и оружје во раце, објави телевизија Телма.

– Ние од црквата со молитва, но ако треба ќе земеме и оружје в раце и нема да седиме со скрстени раце. Ќе го браниме тоа што е наше и свето, што сме го наследиле од нашите предци, што треба да го оставиме на нашите поколенија – рече тој на вчерашниот протест откако премиерот Зоран Заев го објави договорот со Грција за решавање на спорот со името.

Поврзани новости