Мухиќ застана во одбрана на Иванов, Хан немал право да му дели лекции

by fokus

Сакам сосема кратко да изразам еден вид протест во одбрана на достоинството на сите наши институции во државата. Имено, на Македонија и е потребно и има неприкосновено право за меѓународно почитување, истакна на денешната собраниска седница пратеникот Ферид Мухиќ.

-Иритиран сум од вчерашната арогантна изјава на Јоханес Хан на сметка на претседателот на една самостојна, суверена држава Република Македонија. Не може да дели лекции никој на претседатели на држави без оглед каков е ставот. Тоа е суверено право на институциите и граѓаните на таа држава и вакво непримерено делење лекции јавно го покажува неговиот став кон Македонија, со оваа изјава покажа минимум почитување односно никакво почитување и мислам дека мораме да се залагаме за достоинството. Ако треба ќе бидеме ние најголеми критичари на секој наш претставник, но апсолутно не смееме да допуштиме нерушување на нашето достоинство и суверенитет, нагласи Мухиќ.

Пратеникот побара поддршка од колегите пратеници.

-Од вас барам поддршка и во идните ситуации да се усогласиме. Без разлика какви се нашите ставови за претставниците, нашето суверено прво и само наше право е да искажеме јавна критика, останати актери од други земји на тоа не треба да имаат право, рече тој.

Поврзани новости