Срѓан Ѓоковиќ за евентуална посета на Новак во Македонија: Стрпете се уште малку!

by Fokus

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, по првпат за македонски медиум отворено зборува што мисли за Роџер Федерер, за судирот со Слободан Боба Живоиновиќ, за односот кон Македонија и името на државата.

Новак Ѓоковиќ никогаш не ја посетил Македонија, иако изразил голема желба да го направи тоа. Сепак, веројатно ќе мора да почекаме уште малку.

„Чекавте 15 години, стрпете се уште малку. Тој многу ретко доаѓа и во својата земја и во својот роден град. Но, во секој случај, со задоволство ќе ја посети Македонија кога за тоа ќе му се укаже можност и ќе го повтори она што јас ви го кажав пред малку дека Македонците и Македонија се наш близок народ и земја. Верувајте ми дека на Новак многу повеќе му значи она што за него го чувствува обичниот народ и дека тој сака да го види, отколку кога покани му испраќаат политичари, независно од која страна да доаѓаат“, истакна Ѓоковиќ.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости