613
Tриесет и осумгодишниот Б.Г. вечерва сам се пријавил во полициската станица Чаир дека е извршител на убиството на скопјанката Сенада Р. (27) кое изутрината се случи во Гостивар, информираа од МВР.
Според полицијата, 38-годишниот маж претходно бил во вонбрачна врска со починатата, а од прибавените докази во текот на денот, скопјанецот е единствен осомничен.
Тој во текот на вечерта по извршениот разговор ќе биде пренесен за Гостивар.