Основните слободи и права назадуваат во Македонија, загрижен е Бенелукс

by Фокус 12:17
12:17

Белгија, Холандија и Луксембург се многу загрижени поради стагнацијата и поради назадувањето во дел од областите како политичкиот дијалот, владеењето на правото и на основните слободи и права во Македонија, се вели во заедничкото соопштение на делегацијата од Бенелукс.

Делегацијата составена од претставници на министерствата за надворешни работи на Холандија, Белгија и на Луксембург како и амбасадорите на Холандија и на Белгија во Македонија од 9 до 12 септември се сретна со претставници на политичките партии, јавните институции, луѓе од цивилниот сектори и од бизнис заедницата.

- Advertisements -

Benelux-creo_TINIMA20131220_0898_18

„Загрижени сме поради продлабочената политичка и парламентарна криза. Нашата мисија ја пренесе пораката дека релевантните фактори во државава мора да ги стават националните интереси на прво место. Земјите од Бенелукс го поздравуваат подобрувањето на ефикасноста на судскиот систем, меѓутоа независноста и непристрасноста на судството и понатаму се на загрижувачко ниво. Ја потенцираме важноста за транспарентно и неселективно применуање на судството. Слободата на медиумите претставува важна европска вредност. Затоа, жалиме поради тоа што се прекинати преговорите меѓу Владата и медиумите и ја охрабруваме Владата да се вклучи во конструктивен дијалог со новинарската заедница. Ја охрабруваме владата активно да го вклучи цивилното оштество во обликување на иднината на земјата. Демократизацијата, владеењето на правото, независното судство и почитта кон основните права и слободи, вклучувајќи ја и ЛГБТ заедницата претставуваат важни европски вредности и се круцијални елементи од исполнувањето на Копенхагеншките критериум“, се вели во заедничкото соопштение.

Земјите од Бенелукс, исто така се загрижени за растечките меѓуетнички тензии, и ги орхрабруваат и Македонија и Грција да направат прогрес во спорот со името.

Поврзани новости