Уште една кривична пријава за првиот човек на судот, Владимир Панчевски

by fokus 19:09
19:09

Општината Центар денеска поднесе кривична пријава против претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски за дивоградбата во близина на градскиот плоштад во Скопје.

Пријави се поднесени уште против две лице за вршење на градежни работи спротивни на основниот проект и дозвола добиени од општината.

- Advertisements -

-Лицата В.П., С.П. и Е.Т., во текот на месеците јули, август и септември, како соизвршители – инвеститори, надградиле два ката на постоечка зграда на улицата  Никола Вапцаров број 6 со вкупна бруто површина од 551,86 м2, за кои инспекциските служби утврдиле дека се дивоградба. На 20.10.2016 година, овластениот градежен инспектор на општина Центар утврдил дека спротивно на проектот, кој дозволува само реконструкција и адаптација на објекти, инвеститорите подигнале надградба за која немале одобрение од општината. Општината два пати ги покани инвеститорите на средба, еднаш при надзорот со писмена покана и вториот пат телефонски, на што инвеститорите не се одзваа- пишува во општинското соопштение.

Инаку, Панчевски и неговото семејство, пред неколку дена самоиницијативно срушија дел од објектот.

За претседателот на Кривичниот суд ова е втора кривична пријава. Пред една недела него  го тужи и судијата  Иван Џолев за кривично дело „поврзано со влијание врз судија за да преземе одделни незаконити дејствија“.

Поврзани новости