Османи ветува изградба на меморијален центар за албански холокауст во Стенковец

by fokus

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во своето обраќање на третиот Конгрес на лигата на Албанците во светот, рече дека се прават напори во Стенковец да се подигне меморијален центар за, како што рече, албанскиот холокауст, пишува Журнал.

Според Османи центарот ќе биде во спомен на оние кои биле протерани во војната во Косово и кои биле примен во Македонија, но и во спомен на минатото. Тој најави изградба на платформа што ќе биде, како што рече, доволна за помирување на народите, а која ќе биде гаранција за стабилен регион ориентиран кон интеграција во евро-атлантските структури.

-Албанците насекаде ги живеат најсветлите моменти во нашата национална историја, со една Албанија во НАТО и која стабилно оди по патот кон Европската Унија, со независно и слободно Косово која пред неколку дена ја формираше своја војска и со Македонија што ја унапредува улогата на Албанците во нивната позиција за формирање и градење на државата, меѓу другото – истакна Османи.

 

Поврзани новости