Единствена Македонија го повикува Иванов да му го одземе мандатот на Заев

by fokus

Од партијата Единствена Македонија испратија барање до претседателот, Ѓорге Иванов, да го повлече актот за определување на Зоран Заев за манадатор на владата.

„Иванов му додели мандат на Заев под раскинлив услов. На очиглед на целата јавност раскинливот услов е настапен оти гаранциите дадени од Заев се прекршени“, велат од партијата.

Од таму го повторуваат својот став дека пратениците од опозицијата кои гласаа за отворање на Уставот биле поткупени со по два милиони евра по пратеник, и закани со затвор.

„Борбата за спречување на продажбата на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ е света должност за секој Македонец оти влогот е голем – опстанок или бришење на се што е македонско.
Единствена Македонија го повикува претседателот Иванов да преземе една поактивна улога во оваа света борба на македонскиот народ.
Да потсетиме, Иванов го даде мандатот за состав на владата откако Заев потпиша гаранции и се обврза на заштита на уставниот поредок, заштита на државните интереси, носење на одлуките според основните демократски принципи и владеење на правото, не додведување на Републиката во положба на зависност спрема друга држава и притоа Заев се обврза дека секој документ на владата спротивно на овие гаранции не важи“, стои во партиското соопштение.

Поврзани новости