Две пријави добила полицијата од ист настан кој се случил во четвртокот во детска градинка на улицата „Марксова“ во Прилеп. Првата пријава дошла од 53 годишен прилепчанец со иницијали Г.Н. кој пријавил дека бил физички нападнат од колешка на неговата сопруга, и двете вработените во градинката.
Втората пријава дошла од 41-годишната В.И. против која била поднесена пријавата.
„Истиот ден, околу 18,15 часот во Полициската станица Прилеп В.И.(41) од Прилеп пријавила дека околу 12,15 часот во детската градинка каде била вработена, додека вршела распределба на храната дошло до расправија со Б.Н.(47), исто така вработена во градинката, при што била навредувана со погрдни зборови. По кратко време, според пријавеното, во градинката дошол сопругот на Б.Н., Г.Н. и почнал расправија со пријавителката и во еден момент физички ја нападнал. Лицата се повикани на разговор во полициска станица и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од полицијата.