Османи: Оваа сатанизација која се прави кон ДУИ има чисто партиско-политички карактер

by Fokus

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска со случувањата во Алијанса за Албанците рече дека изборот на премиер Албанец е голем успех за државата.

– Државата да стане еднаква за сите граѓани. Имаше зона на етнички монопол до 2001 година и Рамковниот договор почна да ги интегрира заедниците. Македонците се уште се незадоволни и на интеграцијата гледаат како непријателски чин. Оваа сатанизација која се прави кон ДУИ има чисто партиско-политички карактер. ДУИ е најдржавничката партија од државничка перспектива. ДУИ не партизира, туку интегрира. Другите балкански држави може да сонуваат за ова. Не може да има одржлива хармонија и стабилност во услови на етничка номинација едни врз други. Мора да бидеме еднакви и еднаквоста се гледа како губење на нешто наше. Нормализација на еднаквоста не е само бројки, туку на менување на менталитет. Не може во една постохридска Македонија, да има обиди во кои граѓани од друга етничка заедница се сметаат за табу на одредена позиција – вели Османи на тв24.

Во врска со техничката влада, рече дека имало досега една седница и недоговорно би било од ВМРО-ДПМНЕ да саботираат влада.

Тој смета дека партиските разлики се топат кога има силен геостратешки објектив.

„Сите што мислат дека државата може сама, сами по себе ќе се здружат и ова ќе биде битка на концепти, на европски западен и некаков изолационен источен“ вели тој.

Османи истакна дека албанската опозиција се деривати на ДУИ. Промената може да ја понуди некој кој е надвор од концептот на функционирањето на ДУИ и дека Таравари не претставува сериозна закана.

Поврзани новости