Османи: Немаше ниту прослава, ниту непочитување на протоколите за роденденот на Ахмети

by Fokus

Роденденот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчера предизвика погрешна интерпретација. Немаше ниту прослава, ниту партизација ниту непочитување на протоколите, посочи денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој рече дека станува збор за изненадување за лидерот на ДУИ во просториите на Министерството за политички систем од страна на еден од вработените, со честитка за неговиот роденден и потоа се искористил тој момент за да се направи слика.

– За жал тоа предизвика погрешна интерпретација. Немаше ниту прослава, ниту партизација, ниту непочитување на протоколите. Имаше момент на промовирање на новиот објект во Министерството каде еден од врботените го изненади претседателот Ахмети со честитка за неговиот роденден и тоа се искористи тој миг за да се направи слика, рече Османи на прес-конференција во одговор на новинарско прашање.

Во тој дел, според Османи, нема апсолутно кршење на протоколите. Можеби, како што рече, грешката е во пораката која се дава до граѓаните во моментот кога се сликале без маска, но според него, не станува збор за одржување церемонија без маски.

– Да, можеби тука прифаќам една грешка дека пораката која што се дава до граѓаните е дека слика без маска треба да се минимизира, независно што тоа е без маска во миг на сликањето, а не одржување на некаква церемонија без маски, но да, не треба да се пуштаат слики без маска, посочи тој.

Османи уште една посочи дека гарантира оти ниту имало прослава, ниту имало непочитување на протоколите.

– Треба да ги видите и другите слики за да видите дека тоа е момент на миг на изненадување во кој што тие кои се најдоа во моментот, направија слика. Жал ми е што тоа стана причина за вакви чувства и нервози кај граѓаните, мислам дека не треба да се повтори во тој дел на слики без маски заради порака, но во никој случај немаше кршење на протколите, додаде министерот.

Поврзани новости