Османи: Не ви се обраќам како лекар, туку како човек на човек – носете маски!

by Fokus

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во својство на лекар и на човек преку видео испрати порака до граѓаните да се заштитат од ковид-19.

„И денес не ви се обраќам само како лекар, туку како човек на човек. Заштитете се. И себе си и вашите семејства и здравствениот систем. Вирусот е тука, сѐ поприсутен и сѐ поопасен. Затоа избегнувајте ги местата со повеќе луѓе, проветрувајте ги просториите во коишто живеете и работите,. Одржувајте лична хигиена и пред се носете ги маските“, вели во видеообраќањето Османи.

Поврзани новости