Министерот за надворешни работи Бујар Османи посочи дека на денешната прва конститутивна седница на Централното претседателство на ДУИ отчет ќе даваат сите лица кои се именувани од партијата.
Според него, прво е бирањето на секретаријатот, односно советничкиот тим на лидерот Али Ахмети.
„Ќе се бираат секретаријатите, советничкиот тим на Али Ахмети, и после тоа ќе има нормална евалуација на работата на избраните функционери“, вели Османи.
На прашање дали очекува некој од министрите да ја напушти функцијата односно од партијата да му кажат, тој истакна дека ќе има дебата, но не очекува да има позначани одлуки.