Османи: На ВМРО и на некои од СДСМ им смета еднаквоста на Албанците

by Фокус

Министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи, вели дека на македонските партии им смета еднаквоста на Албанците во Македонија.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ и некои поединци од СДСМ сметаат дека Албанците им го земаат монополот, но, како што истакнува, во реалноста Албанците го кршат економскиот монопол.

Секогаш ќе кажам, дури и во СДСМ има такви на кои што им смета рамноправноста на Албанците, но не го кажуваат тоа, бидејќи не е точно да се каже дека Албанците ни го одземаат монополот, но велат дека ДУИ прави корупција. Не не! Албанците го кршат економскиот монопол. Да не ви смета тоа што Албанците нема да продолжат да ви дозволуваат да имате стопроцентен економски монопол на македонските компании, додека Албанците се на страна – рече тој на ТВ 21.

Османи порача дека ако ДУИ има еден глас помалку од друга политичка партија на изборите, ќе оди во опозиција.

-Од денеска потпишувам во име на ДУИ, во име на Али Ахмети, како портпарол на партијата, како потпретседател на партијата, тврдам, дека ДУИ под никакви услови нема да стане дел од Владата. Албанците во никој случај не можат да бидат претставени во Владата освен од тоа што ја одразува волјата на граѓаните – вели тој.

Поврзани новости