406
ДУИ не се согласува дека двојазичните банкноти и униформи се неуставни, вели за Радио Слободна Европа портпаролот на партијата Бујар Османи.
-Ние сметаме дека се целосно во рамки на Уставот како што и пасошите што се користат низ цела територија, па и надвор се двојазични веќе со децении, вели Османи.
Оваа реакција следуваше откако претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција на која ја презентираше програмата на новата влада, рече дека уставните експерти што ги консултирале биле на ставот дека банкнотите се користат на целата територија на Македонија и евентуалната употреба на друг јазик при нивната изработка е спротивна на уставните одредби и дека сличен став имале и за прашањето за униформите.