Екипата на Телевизија 24 нападната на протестот

by fokus

Екипата на Телевизија 24 вечерва беше нападната од страна на демонстрантите на маршот „За заедничка Македонија“.

-Колегата Христијан Баневски првично бил вербално нападнат, на што од организаторите било кажано дека е ненамерно, особено при обидот за физички напад, за потоа, откако снимал инсерти да биде удрен со стап од знаме по тилот од главата, по што од страна на организаторот му било кажано дека човекот што го веел знамето, не знаел како се вее! –информираше новинарот Огнен Јаневски.

Претходно, на истите протести, физички беа нападнати и двајца новинари од А1он, кои завршија на Ургентен центар.

Поврзани новости