Османи: Донација од Кина со маски и тестови пристигнува во земјава

by Фокус

Над пет илјади тестови за Ковид 19 и десетици илјади маски Н95 и заштитни материјали се донацијата од Кина за Северна Македонија, која вчера тргна од Шангај, па преку Истанбул, денеска треба да стигне во Скопје, информираше вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи. Тој посочи дека оваа помош ќе биде распределена кај здравствените установи.

-Во вторник имам уште една донаторска конференција со земјите кој не се членки на ЕУ и другите донатори со цел да видиме дополнителни можности за обезбедување на материјали, бидејќи во овие услови нема ниту пазар, а исто така е прекинат синџирот на набавка на опрема од земјите кој што произведуваат до државата – изјави Османи во неговото онлајн излагање.

Поврзани новости