Владата апелира Велигден да се прослави дома и најавува разговор за ризиците од Рамазан

by Фокус

МПЦ-ОА издаде соопштение дека ги повикува верниците дома да го прослават Велигден и тоа го земавме тоа како знак дека таков е планот, но за жал некои цркви не го применуваа тоа правило и бевме загрижени особено како причеста ќе се одрази врз здравјето, рече министерка за одбрана Радмила Шекеринска на денешната владината прес-конференција.

-Рековме дека најдобро ќе биде ако може самите верски заедници да носат одлуки според овие нови околности. Моравме да водиме сметка дека уставот и во вонредна состојба не ни дава можност да ограничување на слободата на вероисповед. Сепак, не мислам дека со уредба ќе ги загрозевме уставните права на вероисповед, Велигден може да се прослави и дома и во црква – посочи Шекеринска.

Нејзиниот колега од владата, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, се заблагодари до ИВЗ за одлуката да ги затвори џамиите, меѓутоа, како што рече, деновиве во централниот штаб треба да се разговара за ризиците од претстојниот празник Рамазан, кој трае 30 дека и има многу специфици.

Поврзани новости